Свет
Легендата живее, Шибеник го прослави роденденот на Дражен
Запаметен како еден од најдобрите европски кошаркари на сите времиња, Дражен Петровиќ трагично го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случи во 1993 година.
Денеска тој требаше да го прославува својот 51. роденден, но и покрај фактот што минаа повеќе од две децении од немилиот настан, кошаркарските фанови, посебно тие на екс-ју просторите не заборавија на 22. октомври да се присетат на кошаркарскиот „Моцарт“.
Покрај многубројните видеа со неговите потези и потсетувањето на неговите успеси, во Шибеник, градот каде што е роден во 1964 година денеска беше откриено уште едно симболично одбележје на плоштадот кој го носи името Дражен Петровиќ.
Се работи за кошаркарски патики излиени од бронза кои ќе бидат уште едно потсетување за најпознатиот спортист кој потекнува од овој град и е комплетирање на проектот во кој Дражен доби спомен соба, кошаркарско игралиште и споменик. Патиките со број 47 по кои бил направен овој мини споменик ги отстапила мајката на Дражен, Бисерка, а ги изработил скулпторот Александар Губерина.
-
Балканпред 19 часа
Ден за историја: Регионалните гиганти Партизан и Хајдук објавија рекордни бројки
-
Шпанијапред 5 часа
Невидена сцена од топ 5 лигите: Разголена танчарка во ВИП ложата на натпревар на кој играше Барселона (Видео)
-
Шпанијапред 9 часа
Контроверзен момент и многу тензија во Памплона: Осасуна израмни против Атлетико, судијата ги разбесни домаќините (Видео)
-
Шахпред 5 часа
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла
-
Шпанијапред 23 часа
Тебас смета дека Барселона заслужува да и бидат одземени бодови ако е виновна во случајот „Негреира“
-
Шпанијапред 10 часа
„Синдромот Гати“ се префрли и во Шпанија: Играч на Алавес си даде автогол од 30 метри, противниците го тешеа (Видео)
-
Италијапред 10 часа
Мурињо по најлошиот старт во неговата тренерска кариера: Ни недостасува играчот кој лани направи многу грешки
-
Македонијапред 4 часа
Вардар обвини за опструкции: Пронајден е инвеститор кој сака да вложи 18 милиони евра, но…..