Легендата заминува во пензија: Нарсис и става крај на кариерата

narsis

Легендата на францускиот и светскиот ракомет, Даниел Нарсис и става крај на својата импресивна и трофејна играчка кариера.

Големиот борец и некогашен член на Шамбери, Гумерзбах и Кил ќе ја заврши играчката авантура како играч на Пари Сен Жермен, клуб во кој популарниот „Ер Франс“ ќе се обиде да освои уште неколку титули до крјаот на кампањата со тоа што најпосакувана е онаа во Лигата на шампионите.

Нарсис во ракометното патување триумфираше во сите најзначајни натпреварувања, со националниот тим освојуваше Светски, европски првенства, освојуваше златни медали на ОИ, додека пак со Кил триумфираше во ЛШ. Во 2012 година од ИХФ беше прогласен за најдобар ракометар во светот.

Facebook Коментари