Поврзете се со нас

Лига на нации

Легендата вели дека Канкава сѐ уште ја бара топката на Елмас (Видео)

Објавено

на

Големата победа над Грузија и историскиот успех со пласман на Европското првенство првпат ја носи Македонија меѓу европската фудбалска елита и значи исполнување на сонот на сите наши репрезентативци.

Клучниот момент во Тбилиси секако беше погодокот на Горан Пандев, кој мајсторски ја финишираше одличната акција, а истата ја започна Елиф Елмас.

Токму дуелот на Елмас и Јаба Канкава стана хит на социјалните мрежи, откако фудбалските фанови низ Европа ги регистрираа потезите на фудбалерот на Наполи и фактот што на грузискиот фудбалер веројатно се уште не му е јасно кај беше топката, како Пандев и Елмас искомбинираа, а и како на крајот топката стигна до Пандев.

Сѐ  останато е историја…

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни