Легендата на Ливерпул Карагер доби повик сред интервју: Не се од Барселона, Кутињо останува во Ливерпул (Видео)

Karager Kutinjo

Ливерпул имаше шоу против Спартак Москва притоа испраќајќи го рускиот прволигаш со седум погодоци во негова мрежа за конечни 7:0. Се почна во 4 минута и пеналот на Кутињо, по што стрелаа Кутињо, Фирмино, Мане, Кутињо, Мане и Салах.

Хет-трикот на Кутињо беше и повод за изјава после натпреварот, кој имаше друштво во легендарниот играч на Ливерпул, Џејми Карагер. Во моментот на изјавата на Карагер, телефонот  му заѕвони, по што водителот се пошегува во стилот да не го бараат од Барселона, а на тоа веднаш одговори:

– Не, Кутињо не оди никаде, тој останува овде, – се насмеа легендата на Ливерпул, Карагер.

 

Facebook Коментари