Легендата на хрватскиот ракомет: Червар покажа неверојатна нетрпеливост, а начинот на кој нас не „изедоа“ е вистински срам!

metlicic

Хрватските медиуми во изминатите неколку дена прават анализи и вадат заклучоци за тоа каде нивната репрезентација погреши на Европското првенство во ракомет во кое влезе со големи амбиции, а со оглед на тоа што повеќе од веројатно е дека Лино Червар нема да биде селектор на селекцијата, се прават и анкети за тоа кој човек треба да го наследи тренерот на Металург.

Во ситуација кога ситуцијата е навистина жешка и тешко е да се бараат виновници, со исклучително жестока изјава излезе легендата на хрватскиот ракомет, Петар Метличиќ, кој покрај тоа што испрати една јасна замерка до Червар, не пропушти да ги „избричи на суво“ и одговорните лица во ракометната федерација.

– За време на мандатот на Жељко Бабиќ на кого јас му бев помошник, лансиравме неколку млади играчи и тоа требаше да се продолжи. Червар погреши со враќањето на некој стари и искусни ракометари, а сега се обидува да порача дека хрватскиот ракомет треба да се насочи кон Токио 2020 година. Реално, ова првенство во Хрватска по секоја логика требаше да биде подготовка за олимписките игри. Што се однесува до голманите, Стевановиќ беше на висина на задачата на два натпревари, но тоа не беше доволно за да стигнеме до медал. Лино Червар покажа неверојатна нетрпеливост во однос на Алиловиќ. Го повика, не го пушти да брани, брзо го промени, па на крајот го врати во тимот, – без влакна на јазикот порачува Метличиќ кој не заборави да ги „поздрави“ и луѓето од федерацијата кои доста лицемерно ги отпуштија него и Бабиќ.

– Нормално дека ми е криво како не избркаа. Ние работевме добро, некои натпревари ги загубивме под несреќни и неверојатни околности. Имаше мечеви каде резултатот зависеше од еден седмерец. Сепак, најмногу жалам за начинот на кој не „изедоа“ како што велите вие новинарите. Добивме отказ, а притоа немаше никаков разговор, никој ништо не ни образложи. Всушност, немаше ниту поздрав. Вистински срам и крајно лицемерно, – нагласува еден од најдобрите играчи во историјата на хрватскиот ракомет.

Facebook Коментари