Германија
Легендата на Борусија се огласи за иднината на Халанд по последната изјава на Раиола
Михаел Цорк цела своја играчка кариера и ја посвети на Борусија Дортмунд и благодарение на тоа е втор најдобар стрелец во историјата на клубот и покрај тоа што беше везен фудбалер, а како човек кој и натаму е дел од клубот во кој извршува важна функција, навистина големо значење имаат неговите зборови.
Легендарниот Цорк е спортски директор во Борусија и се грижи за најважните прашања околу тимот во друштво на Вацке, но сега самиот тој се почувстува прозван од страна на Мино Раиола кој пред два дена нагласи дека Ерлинг Халанд нема уште долго да остане во Германија.
Раиола нагласи дека само десет клуба во овој момент можат да си го дозволат неговиот клиент, по што Цорк реши да се огласи со најава дека Норвежанецот нема да мрдне од „Сигнал Идуна парк“ наредното лето.
– Халанд не може, не смее и не сака да си замине од клубот, затоа нема да ја промени средината наредното лето. Ова се доволно добри причини за да остане со нас.
– Искрено, не ме вознемирија последните зборови на Раиола, напротив. Сметам дека не кажа ништо сензационално, тоа за мене беше нормална изјава. Нема лош однос меѓу нас. Наша цел е до крајот на сезоната да го оствариме зацртаното, сакаме да се квалификуваме во Лигата на шампионите. Не се сомневам дека ќе успееме во тоа, но без разлика што ќе се случи, Ерлинг продолжува со нас, – нагласи Цорк.
-
Лига на шампионипред 22 часа
Чави откри што му порачал на судијата Ковач по крајот на мечот: Не смееме да молчиме после ваква арбитража
-
Лига на шампионипред 23 часа
ПСЖ со голем пресврт во Барселона, Борусија го нокаутираше Атлетико во трилер со шест гола (Видео)
-
Лига на шампионипред 24 часа
Белингам призна дека доживеал пад во формата: Мојата улога во тимот се промени
-
НБАпред 23 часа
Јокиќ откри што јаде за доручек и ги шокираше Американците: Тоа се пет илјади калории (Видео)
-
НБАпред 13 часа
Лејкерс закажа плејоф битка со шампионот, крај на сезоната за Голден Стејт (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 12 часа
Итуралде Гонзалес за црвениот картон на Араухо: Тоа не беше ниту фаул…(ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 22 часа
Дембеле со прва изјава по огромната победа на ПСЖ и свирежите кои ги доби од навивачите на Барса
-
Лига на шампионипред 14 часа
Мбапе по големиот триумф на „Монжуик“: Сите знаат кој е мојот сон