Поврзете се со нас

Германија

Легендата на Баерн која го најави заминувањето на Флик: Стојам зад својот збор, знам кој ќе биде нов тренер

Објавено

на

Лотар Матеус е предвесник на времето и важните информации кои се поврзани за Баерн Минхен, бидејќи легендарниот Германец беше првиот кој тврдеше дека Ханси Флик ги брои последните денови како тренер на европскиот првак.

Матеус беше оној кој со месеци најавуваше дека недоразбирањето меѓу Флик и Салихамиџиќ ќе ескалира и ќе заврши со заминување на еден од двајцата, но по елиминацијата на Баерн од ПСЖ во вторникот, крајно самоуверено тврдеше дека Ханс Дитер го одработи последниот натпревар во Лигата на шампионите како тренер на Баерн.

Само четири дена подоцна, самиот Флик и откри на јавноста дека побарал од клубот раскин на договорот по крајот на сезоната, па поради тоа, Матеус повторно беше актуелен и се најде во фокусот.

Покрај сите точни информации кои ги пренесе, Јулијан Нагелсман го демантираше за едно и посочи дека тој не почнал преговори со Баерн за да го наследи Флик, нешто што Матеус одново го коментираше по официјалниот став за заминување кој го истакна актуелниот тренер на баварскиот великан.

– Не кажав се што имав да кажам во вторникот, не се доискажав како што сакав. Секако дека од Баерн не му телефонираа одма на Јулијан. Зборувано е со неговите претставници и цврсто стојам зад тоа. И денес стојам зад тоа дека тој ќе биде новиот тренер на Баерн, убеден сум во тоа, – потенцира уверениот Матеус кој во последно време не утна ниту еднаш со своите проценки.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни