Легендата го кажа своето: Ова се двајцата најдобри голмани во изборот на Касилјас

iker

Еден од најдобрите и најквалитетни голмани на сите времиња, Икер Касилјас кој финишот на својата кариера го минува во дресот на португалски Порто го соопшти својот став на една интересна тема, направи селекција на голманите кои во моментов се број еден на светот.

Некој би го впериле прстот кон Давид Де Хеа, некој кон Мануел Нојер, Тибо Куртоа…, но за легендарниот во моментов најконстантни се членовите на Барселона и Атлетико Мадрид, Марк-Андре Тер Штеген и Јан Облак.

-Искрено, ако ги анализирам голманите на глобално ниво, мислам дека овие двајца се најдобри. Мислам тие имаат одличен момент, -порача Шпанецот.

На оваа тема неодамна се огласи и уште една икона на фудбалот, Џиџи Буфон кој пак порача:

-Би кажал Нојер, Де Хеа и Јан Облак… па сите останати. Куртоа, Навас. Живееме во ера со многу добри голмани, -рече чуварот на мрежата на ПСЖ.

Facebook Коментари