Поврзете се со нас

Италија

Легендарното трио на Милан се состана и разбуди убави спомени: Тројцата мускетари повторно заедно (Фото)

Објавено

на

Фановите на Милан после подолго време дочекаа убави фудбалски моменти и еуфорија на која подзаборавија изминатата деценија, бидејќи тимот на Пиоли стави крај на црниот период и го освои Скудетото по пауза од 11 години.

Милан стана шампион со тим на кој малкумина му даваа шанси и покажа дека великанот полека се враќа во препознатливото светло, па ова лето за верување е да се направи нов исчекор и да се донесат неколку играчи кои ќе направат тимот да биде конкурентен и во Европа.

Навивачите на Милан ќе имаат мирно лето по големата сатисфакција која ја добија, а која очигледно е пренесена и на луѓето кои во минатото беа симбол за успех на „Сан Сиро“.

Легендарните Холанѓани Марко Ван Бастен, Руд Гулит и Франк Рајкард ја разбудија носталгијата кај повозрасните навивачи на Милан и ги потсетија на едни незаборавни времиња, во кои тројцата освоија три титули во Серија А, две титули во Лигата на шампионите, две титули во Суперкупот и два италијански Суперкупа.

– Тројцата мускетари повторно заедно

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни