Поврзете се со нас

Свет

Легендарниот Ван Бастен брутално го понижил Вернер во последниот фудбалски пренос во Холандија

Објавено

на

Тимо Вернер добиваше навистина многу критики во првата сезона во редовите на Челси поради редовните промашувања, но новата кампања на „Стемфорд Бриџ“ ќе биде далеку потешка и покомплицирана за него, бидејќи во нападот доби страшна конкуренција во Ромелу Лукаку.

По доаѓањето на Белгиецот, Вернер беше резерва и против Арсенал и Астон Вила и едвај одигра десет минути, но и покрај тоа што постигна три гола на трите меча кои ги одигра за Германија во изминатите десетина дена, напаѓачот на Челси е мета на Марко Ван Бастен кој ја испрати најбруталната критика во последно време.

Истата доаѓа од неговото коментирање на натпревар на Германија за „Циго Спорт“, а кое беше објавено денеска од страна на познатата холандска телевизија.

– Дали сум 18 пати подобар од Вернер? Да, најмалку толку. Можам да го потврдам тоа пред сите, – одговори легендарниот голгетер на прашањето кое му го поставил коментаторот на натпреварот.

– Едноставно жално е да се гледа на теренот, се гледа дека нема самодоверба. Сепак, ако гледате како тренер, тој секогаш е на вистинското место на теренот, но потребно е барем еднаш да ја смести топката на вистинското место, а тоа ретко му успева. Според мене, тој едноставно не е доволно добар за фудбалската елита, – заклучува Ван Бастен.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни