НБА
Легендарниот Томас откри кои биле неговите први импресии за двете балкански сензации во НБА лигата
Ајзеа Томас несомнено е еден од најдобрите кошаркари кои се појавиле откако постои НБА лигата, не само поради фактот што на двапати беше лидер на „лошите момци“ од Детроит при освојувањето на двата шампионски прстена, туку и поради фактот што дури 12 пати беше дел од Ол Стар спектаклот во најсилната кошаркарска лига во светот, каде во два наврати беше и МВП.
Томас цела своја играчка кариера му ја посвети на Детроит и како огромна легенда на оваа кошаркарска франшиза и натаму ги следи и коментира сите случувања во модерната НБА лига, во која навистина го воодушевуваат двајцата генијалци од Балканот.
Лука Дончиќ и Никола Јокиќ многу брзо успеаја да ги соберат симпатиите од американските фанови со своите партии на НБА паркетите, а Томас сега откри какви биле неговите први импресии кога ги видел Словенецот и Србинот.
– Кога првпат го видов Дончиќ, реков само „уау“. Корпулентен е, има дар за додавање, натпреварувачки е настроен во секоја секунда и има добар шут. Не сакам ни да помислам колку Лука ќе биде голем кога ќе има 26 или 27 години, – вели Ајзеа кој се осврнува и на Јокиќ.
– Прво помислив дека не игра на начинот на кој сме научени. Добро знаете на што мислам. Тој не е брз, не скока високо, но секогаш е тука да заврши работа. Се сеќавам дека разговарав со Скот Хејстинг и тој ми нагласи да обрнам внимание на Никола. Ми порача дека Јокиќ ќе го промени начинот на кој се гледа позицијата центар. Колку повеќе го гледав Јокиќ, толку повеќе гледав дека има дар за додавање и тоа неверојатна дарба. Секогаш е правовремен, прецизен, па дури и кога не гледа каде е соиграчот. Тој е вистинска работа за Денвер, – потенцира Томас.
-
Лига на шампионипред 24 часа
Чави откри што му порачал на судијата Ковач по крајот на мечот: Не смееме да молчиме после ваква арбитража
-
НБАпред 14 часа
Лејкерс закажа плејоф битка со шампионот, крај на сезоната за Голден Стејт (ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 14 часа
Итуралде Гонзалес за црвениот картон на Араухо: Тоа не беше ниту фаул…(ВИДЕО)
-
Лига на шампионипред 24 часа
Дембеле со прва изјава по огромната победа на ПСЖ и свирежите кои ги доби од навивачите на Барса
-
Лига на шампионипред 15 часа
Мбапе по големиот триумф на „Монжуик“: Сите знаат кој е мојот сон
-
АТПпред 11 часа
Алкарас: Ѓоковиќ има слаби точки, но…
-
ВТАпред 9 часа
Ѓорческа ја надигра шестата носителка на силниот турнир во Копер
-
Лига на шампионипред 13 часа
Енрике во негов стил: Ќе победевме и без црвениот картон