Германија
Легендарниот светски шампион на Германија: Јас го направив истото како Алаба, си заминав од Баерн поради пари!

Јирген Колер е прославен дефанзивец и светски шампион на Германија од 1990-та година, период во кој Германците важеа за убедливо најголема и најважна спортска сила.
Стоперот кој во својта кариера играше за двата најголеми клубови во Германија, Баерн Миннех и Борусија Дортмунд, во своите најдобри денови направи трансфер во Италија, или поточно во редовите на Јувентус. Колер направи директен трансфер од Баерн Минхен во Јувентус, а речиси 30 години по оваа операција, привлече внимание во домашната земја со споредбата која ја направи.
Давид Алаба добива огромни критики од јавноста од Германија поради тоа што ги избра парите пред да стави потпис на нов договор со Баерн, но Колер потенцира дека тој го направил истото и застана во одбрана на актуелниот стопер на европскиот и светски првак.
– Ова нема да претставува чекор назад за Алаба, без оглед на тоа што Баерн е во топ 3 светски клуба. Секако дека си оди поради пари и јас можам да го сфатам тоа. Алаба има 28 години и од друг клуб ќе добие богат долгорочен договор од четири или пет години. Може да каже што сака, но неколку стотици евра прават разлика, а не па повеќе. Не може да му се забележи ништо, тоа е негово легитимно право.
– Јас го направив истото, го напуштив Баерн поради пари и отидов во Италија. Заминувањето во Италија беше добро за мене во секој поглед. Финансиски гледано, но се развив и како личност. Секоја нова авантура е убава, – потенцира легендарниот Колер кој покрај тоа што е светски шампион со Германија, ја освои Лигата на шампионите со Борусија.

- Италијапред 16 часа
Гоче е пример за фудбалер: Италијанците му го потенцираа историскиот рекорд, Пандев одговори скромно во свој стил
- Светпред 16 часа
Перез конечно се огласи: Супер лигата не е мртва, не ни добивме шанса да го објасниме проектот
- Англијапред 14 часа
Бејл го „пецна“ Мурињо: Ние сме голем клуб, сакаме да напаѓаме
- Шпанијапред 15 часа
Бензема го израмни рекордот на легендарниот Раул
- Англијапред 15 часа
Гвардиола е импресиониран од него: Тој станува сериозен играч
- Францијапред 16 часа
Ова ретко се гледа не терените: Магичната асистенција на Ди Марија во Куп победата на ПСЖ (ВИДЕО)
- Светпред 12 часа
Чеферин за својата страна од приказната: Дајте ми 24 часа и Супер лигата нема повеќе да постои!
- Италијапред 16 часа
Португалецот со очајна реакција: Роналдо повторно се посрамоти во живиот ѕид на Јувентус (Видео)