Поврзете се со нас

Свет

Легендарниот Скола се пензионираше и експресно си најде возбудлива работа

Објавено

на

Луис Скола потврди дека ја завршува репрезентативната кариера по крајот на Олимписките игри во Токио, но ова попладне стана јасно дека еден од најдобрите аргентински кошаркари на сите времиња, става крај на играњето и на клупски план.

Скола играше кошарка на врвно ниво до 41-та година од својот живот и до самиот крај и служеше на својата сакана Аргентина, а натпреварот против Австрија во четвртфиналето на Олимписките игри се покажува како последен во неговата неверојатна и блескава кариера.

Неколку месеци по големиот кошаркарски настан, денеска пристигна официјална потврда дека Скола ќе има нов ангажман, со тоа што официјалната промоција е закажана за утре.

Скола последно настапуваше за Варезе, клуб во кој сега ќе ја извршува улогата на извршен директор во новата натпреварувачка сезона.

– Варезе со огромна чест и гордост го потврдува големото засилување во административниот одбор. Луис Скола ќе биде извршен директор на нашиот клуб. Оваа аквизиција го збогатува нашиот клуб во сите стратешки операции кои ќе ги имаме во иднина, – гласи официјалната објава на Варезе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни