Поврзете се со нас

Зимски спортови

Легендарниот ски-скокач Малиш се заразил со КОВИД-19: Позитивниот тест ме изненади

Објавено

на

Поранешниот полски ски-скокач Адам Малиш потврди дека имал позитивен тест на коронавирусот.

Малиш останува запаметен како еден од најдобрите ски-скокачи последните децении, а во моментов ја извршува функцијата спортски директор во полската репрезентација во ски-скокови и нордиска комбинација.

Тој вели дека не чувствувалс симптоми и бил изненаден што е позитивен на вирусот, бидејќи тестот го направил само поради фактот што бил во контакт со заразено лице.

– Не паничев, но нормално е одвреме навреме да се исплашите за ситуацијата. Немав никакви симптоми, навистина сметав дека сум здрав, бев сигурен дека тестот ќе биде негативен. А, потоа дојде непријатното изненадување, па затоа им препорачувам на сите да бидат многу внимателни.

– За среќа можеше да биде полошо ако имав симптоми. Имам голема градина и ќе издржам колку што треба во самоизолација, – изјавил Малиш за полските медиуми.

Неговиот позитивен тест повлекол и испитување на повеќе соработници и спортисти, кои ќе се надеваат дека не се заразиле од Малиш.

Во својата кариера, сега 42-годишниот Малиш еднаш победи на турнејата „Четири скокалници“, четири пати победи во Светскиот куп и има четири олимписки медали.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни