Поврзете се со нас

Свет

Легендарниот Сидорф: Не верувам во години, бев поспремен со 34 отколку со 26

Објавено

на

Сите оние кои подолго време и редовно го пратат фудбалот многу добро знаат кој е Кларенс Сидорф, играчот кој оствари огромни успеси носејќи ги дресовите на Ајакс, Реал Мадрид и Милан, а во својата кариера настапуваше уште за Сампдорија, Интер и Ботафого, плус беше редовен член на холандската репрезентација.

Сидорф отсекогаш важел за фудбалер кој е максимално подготвен, а и денеска по завршувањето на фудбалска приказна е фит и се нема опуштено како некои други негови колеги. Кларенс едноставно е машина и затоа и денеска изгледа посремен дури од многу активни фудбалери.

-Никогаш не верував во годините. Не во смисла дека постои биолошка граница. Имате и факти, тестови кои покажуваат во каква состојба се наоѓате. На пример, имав подобри параметри на 34 -годишна возраст отколку на 26 -годишна возраст. Друга работа е што за некои тие податоци не се важни, -вели Холанѓанецот кој проговори за Серија А.

-Јувентус? Мислам дека стомакот им е полн. Тие повторно градат, го имаа својот период на доминација, па сега можат да си дозволат неколку суви години. Не очекувам Јувентус да биде толку гладен како оние што со години немаат ништо освоено.

-Лигата ќе биде порамномерна и поизбалансирана од минатата сезона. Сите тимови под третото место се засилија, но Интер и Милан според мое мислење имаат нешто повеќе. Ќе видиме како Милан ќе се бори со обврските. Од една страна убаво е враќањето во Лигата на шампионите и таму ќе играат со големи амбиции. За фановите Скудетото би било одлично. Интер загуби важни играчи, не е лесно да се заменат, но сепак е исклучителен тим, -истакна легендарниот Сидорф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни