Поврзете се со нас

АТП

Легендарниот Швеѓанец: Федерер се повлече за да не претрпи тежок пораз од Ѓоковиќ

Објавено

на

Матс Виландер како специјален експерт за „Еуроспорт“ е составен дел од секој голем грен-слем турнир, па како една од тениските легенди која застана во одбрана на Рожер Федерер по неговото повлекување од Ролан Гарос, сега се задржа на ставот дека го почитува решението на Швајцарецот, но истовремено нагласи дека со откажувањето се спасил од тежок пораз од Новак Ѓоковиќ.

Светскиот рекет број еден вчера во четири сета беше подобар од Матео Беретини и си закажа полуфинална пресметка со Надал, пресметка за која многумина сметаа дека ќе треба да се избори со победа над Рожер Федерер. Сепак, повратникот на терените не мислеше така и се повлече од Френч Опен по победата над Кепфер, а Виландер сега вели дека во одлуката го имал искалкулиран и потенцијалниот дуел со Ѓоковиќ.

– Федерер сервираше одлично на сите три меча кои ги одигра. На Ролан Гарос не доаѓа до израз сервисот, но и тоа како ќе му биде потребен на Вимблдон. Ме импресионираше што издржа три ипол часа и што победи без публика, знаев дека може да се повлече после тој меч. На Федерер му беше потребна таа победа, без оглед на тоа што не продолжи да игра. Луѓето не гледаат дека тој се уште има жар во себе и сака да се натпреварува.

– Добрата увертира на Ролан Гарос е добра подготовка за него. Нема многу специјалисти за тревна подлога. Рожер дефинитивно е специјалист за таа подлога. На Вимблдон можат да го победат само пет или шест играчи, а на Ролан Гарос во овој момент можеа да му нанесат штета дури 40 играчи.

– Знаеше дека нема шанси на Ролан Гарос, донесе одбра одлука што се повлече, иако имаше големи шанси против Беретини. После тоа, одеше на Ѓоковиќ, а со повлекувањето спречи тежок пораз што можеше лесно да се случи. Федерер сигурно не го сакаше тоа пред Вимблдон. Дојде на Ролан Гарос да одигра неколку меча, го направи тоа одлично и заврши добра работа, – вели Виландер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни