НБА
Легендарниот Шек со искрен коментар за својата најголема слабост: Имам многу пари, богат сум, но Бог ме потсети дека…
Шекил Онил е еден од оние кошаркари кои вечно ќе бидат запаметени како едни од најдобрите во светот на НБА Лигата.
Популарниот Шек беше доминантен под кошевите и важи за вистинска легенда на кошарката и спортот во САД.
Онил беше незапирлив во текот на целата своја кариера, а беше вистински ѕвер под кошевите, поради што многумина од противниците му се плашеа.
Сепак, еден сегмент во неговата игра беше ужасно лош. Тоа беа слободните фрлања од каде Шек никако не можеше да постигне поени.
На крајот на кариерата неговиот процент од „пенал линијата“ беше само 52% што е далеку, далеку од добро.
Тоа го знае и самиот Онил кој неодамна изјави дека овој сегмент од неговата игра и тоа што никако не можел да го совлада е само потсетник дека никој не е совршен.
– Имам преубава жена, големо семејство и доста пријатели. Исто така имам многу пари, Ферари, шампионски прстени и куќи на море. Полицаец сум и актер, добро пеам и згоден сум. Сепак, моите проценти од линијата за слободни фрлања се потсетник од Бога дека никој не е совршен, -изјави Онил.
Легендарниот Шекил во својата богата кариера освои четири шампионски прстени, а кариерата ја заврши со просек од 23 поени и 11 скокови по натпревар.
-
Репрезентација16 часа
Миовски: Болно е да примите гол во последните десет секунди, но ова…
-
Шпанија24 часа
Ниту Педри, ниту Јамал и Рафиња: Саки го посочи играчот кој најмногу му се допаѓа во Барселона
-
Светски првенства16 часа
Поранешен велшки репрезентативец за драмата во Скопје: Велс имаше јасен план, а ремито е како победа
-
Англија19 часа
Трент прифатил преселба во Реал, навивачите на Ливерпул бесни: Оставете го на клупа до крајот на сезоната…
-
Македонија22 часа
Јандреоски назначен за прв оперативец на ФФМ
-
АТП19 часа
Ивановски ги мина квалификациите во Опатија
-
Репрезентација16 часа
Елмас: Жал ми е, испуштивме три големи бода…
-
Италија17 часа
Дибала имал успешна операција, оваа сезона е завршена за него!