Формула 1
Легендарниот шеф на Ферари се враќа во Формула 1

Поранешниот тимски шеф на Ферари, Матија Биното, се враќа во Формула 1 како главен оперативен и технички директор на Ауди по промените во раководството на проектот и заминувањето на извршниот директор Андреас Зајдл.
Биното работеше за Ферари речиси три децении, каде беше тимски шеф од 2019 до крајот на 2022 година, па по неполни две години се враќа во Формула 1 и тоа на висока позиција во идниот тим на Ауди.
Во соопштението објавено во вторникот, Ауди објави дека Биното ќе се приклучи како главен оперативен и технички директор од 1 август за да го води тимот пред нивното деби во 2026 година.
Во исто време, извршниот директор на Заубер, Андреас Зајдл и претседателот на управниот одбор Оливер Хофман го напуштаат проектот.
„Мило ми е што успеавме да го ангажираме Матија Биното за нашиот амбициозен проект во Формула 1“, изјави извршниот директор на Ауди, Гернот Доелнер.
-
Италија2 часа
Се врати во Серија А: Пиоли ќе води двократен шампион на Италија (ФОТО)
-
АТП22 часа
Фриц понуди одличен тенис, но не можеше да спречи трето финале за Алкарас на Вимблдон
-
Шпанија4 часа
„Мундо Депортиво“: Флик му испратил јасна порака на Тер Штеген, голманот не отстапува од својот план
-
Шпанија5 часа
Тебас го откачи Реал Мадрид: Никој не се жали освен нив
-
Шпанија22 часа
Официјално: Валенсија му донесе голема конкуренција на Димитриевски (Фото)
-
Англија21 час
Ќе профитираат „шумарите“ на Нуно: УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа (Фото)
-
Англија5 часа
Првиот човек на Кристал Палас за санкцијата од УЕФА: Ова е голема неправда
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ: Реалноста ме погоди во глава и тешко ми е да го прифатам тоа!