Поврзете се со нас

Евролига

Легендарниот Шарунас Јасикевичуис оди скалило погоре и презема врвен тим од Евролигата

Објавено

на

blank

Легендарниот литвански кошаркар, а сега  одличен тренер, Шарунас Јасикевичиус се наоѓа пред одличен трансфер.

Актуелниот стратег на Жалгирис веројатно ќе го напушти литванскиот клуб и кариерата ќе ја продолжи во некој од гигантите на европската кошарка, Фенербахче или Барселона.

Литванскиот новинар, Донатас Урбонас објави дека преговорите меѓу Јасикевичиус и челниците на Фенербахче поминале одлично и голема е веројатноста тој да седне на клупата на турскиот клуб каде би го заменил Жељко Обрадовиќ.

Од друга страна, истиот новинар пренесува дека самиот Јасикевичиус ќе почекал крај на шпанското првенство за да види дали може да седне и на клупата на Барселона на чија клупа во моментов седи Светислав Пешиќ.

Јасикевичиус во играчката кариера играше и за двата тима, а во тренерската кариера постигна одлични резултати со Жалгирис со кој играше на Ф4 турнирот во 2018 година, a минатата сезона стигна до плеј-офот каде беше елиминиран токму од Фенербахче.

Многумина на Шарунас Јасикевичиус му предвидуваат блескава тренерска кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Facebook

Популарни