Поврзете се со нас

Франција

Легендарниот Санчес: Мбапе не му кажа „НЕ“ на Реал, еден ден…

Објавено

на

Килијан Мбапе долго време беше на мета на Реал Мадрид и се некако изгледаше дека токму ова лето ќе биде она во кое ќе го видиме како позира и го облекува дресот на шпанскиот великан.

Коцките беа наместени и сите очекуваат тој како слободен играч да слета на „Сантијаго Бенабеу“, меѓутоа изненадувчаки дојде до комплетен пресврт и се реши да потпише нов договор со Пари Сен Жермен до 2025 година.

Овој негов потег секако дека налути многумина во таборот на Реал, голем број на навивачи кои очекуваат дека токму Мбапе ќе биде новата голема ѕвезда, лидер на новата генерација.

Останува да се види дали во иднина Килијан ќе добие нова шанса од „кралевите“, сценарио кое за легендата на клубот Уго Санчез е чисто, реално или поточно тој смета дека еден ден тој ќе биде од семејството на европскиот гигант.

-Мбапе не му кажа цврсто „НЕ“ на Реал, тој мораше да каже „не“ поради социјален, политички и семеен притисок. Ама познавајќи го сигурен сум дека еден ден ќе игра за Реал Мадрид, -вели Санчез кој даде 208 голови за Реал од 1985 до 1992 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни