Италија
Легендарниот Саки откри интересна анегдота и испрогнозира во кој голем клуб ќе се пресели отпуштениот Конте

Антонио Конте заработи отказ од Тотенхем и нема да го доработи договорот кој истекуваше на крајот од оваа сезона, па од минатата седмица тој веќе е во Италија и воопшто нема да се врати во Северен Лондон.
На овој начин, Конте стави крај на уште една авантура во Премиер лигата, а италијанските медиуми сметаат дека ценетиот стручњак ќе се врати во домашниот фудбал и ќе чека возбудлива понуда во Серија А.
Легендарниот Ариго Саки открива дека е заљубен во тренерските квалитети на Конте и таквиот потенцијал го препознал уште во далечната 1994-та година, од кога носи со себе интересна анегдота.
– Го сметам Конте за еден од најдобрите тренери на европската сцена, сега ќе ме задоволи само негово враќање во италијанскиот фудбал. Во него имаме тренер со многу знаење и тој ја прави разликата од клупата. Го имав како играч во 1994-та година и тогаш ми откри интерезна приказна. После секој тренинг, одел во соблекувалната и запишувал се што сме работеле на вежбите. Уште тогаш имаше менталитет на тренер, човек кој може да биде лидер на тим.
– Логичо е Конте да биде поврзуван само со големи клубови сега кога доби отказ. Тука пред се мислам на Јувентус и Интер. Особено мислам дека сега ќе му одговара да се врати во Торино. Таму освои многу како играч и веќе го освои Скудетото како тренер. Нема да бидам изненанден ако се врати во Јувентус и почне нова љубов со „старата дама“, особено кога се знае дека многумина не се задоволни од работата на Алегри. Конте е само плус за италијанскиот фудбал, – вели Саки.
-
Англијапред 19 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Шпанијапред 18 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Италијапред 21 час
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 22 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 19 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 18 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Италијапред 21 час
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Англијапред 20 часа
Клоп воодушевен од летното засилување кое продолжи да блеска: Уште од првата минута импресионира со својот пристап (Видео)