Поврзете се со нас

НБА

Легендарниот Рондо стави крај на незаборавното НБА патување (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/celtics

Ражон Рондо со години наназад беше еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата, но во ситуација кога две години беше надвор од тренажен процен, денеска објави дека заминува во кошаркарска пензија.

Поранешниот кошаркар на Бостон и Лос Анџелес Лејкерс објави крај на 38-годишна возраст, одлука која не доаѓа како огромно изненадување ако се знае дека последниот меч го одигра во 2022-ра година.

Рондо најголема трага во својата блескава кариера остави во Бостон каде првпат стана НБА шампион, а потоа освои и втор шампионски прстен со Лос Анџелес Лејкерс.

Во својата кариера, Ражон уште ги бранеше боите на Далас, Сакраменто, Чикаго, Њу Орлеанс, Атланта, ЛА Клиперс и Кливленд, а од индивидуланите признанија, за издвојување е тоа што четири пати беше Ол стар играч, три пати беше најдобар асистент во НБА лигата, а двапати во најдобрата одбранбена петорка.

– Готово е, за мене е крај. Не можам повеќе да играм кошарка, подобро е да минувам време со семејството. Ја ценев секоја минута која ја минав на терен, но сега сакам да минам повеќе време со семејството, – порача Рондо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни