Поврзете се со нас

Свет

Легендарниот Роналдо знае кој е најдобар играч на светот: Тој е голем шампион!

Објавено

на

Бразил низ историјата има дадено многу големи фудбалски имиња, великани, легенди, мајстори, а еден од нив дефинитивно е Луис Назарио Де Лима Роналдо.

Роналдо и покрај неколкуте тешки повреди на колената играше извонредно како на клупски така и на репрезентативен план, освои многу титули, признанија и за многумина и денеска е најдобар напаѓач на сите времиња. Некогашниот ас на Барселона, Реал Мадрид, Милан и Интер и денеска е во фудбалот како дел од сопственичката структура на Валјадолид, но воедно ги прати сите случувања, актуелности од кои една е „Златната топка“.

Се повеќе се говори на оваа тема, за тоа кој кандидат треба да го добие признанието, па Роналдо направи избори и го посочи Карим Бензема како вистински човек за таа награда.

-Без сомнеж, мојот кандидат за Златната топка е Карим Бензема. Најдобар напаѓач на светот, игра на највисоко ниво десет години и пред се шампион. Што вие мислите? -истакна Роналдо.

Златната топка ќе биде доделена на 29 ноември.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни