Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Легендарниот Роналдо за шансите на ПСЖ за трофеј во ЛШ: Една работа е да се први фаворити, друга е…

Објавено

на

Пари Сен Жермен направи вистинки бум во летниот преоден рок во кој успеа да донесе многу ѕвезди и да создаде вистински дрим-тим.

На „Паркот на принцовите“ пристигнаа Меси, Рамос, Вајналдум, Хакими, Домарума, играчи од светска класа, играчи за кои би имало место во секој тим. Со овие потези ПСЖ дефинитивно стана прв фаворит за пехарот во Лигата на шампионите, но според легендарниот Роналдо едно е како ова изгледа на хартија, а друго е како оваа група ќе се снајде и го потврди квалитетот што го поседува.

-Се уште е рано да се каже кој ќе ја освои Лигата на шампионите. Сликата почнува да се формира во четвртфиналната фаза. Пари Сен Жермен е во пол позиција, но едно е да се зборува, а друго е да се игра.

-Играв за Реал Мадрид речиси пет сезони, во ерата на Галактикоси и никогаш не ја освоив Лигата на шампионите. Победата никогаш не е автоматска, дури и ако ги имате најдобрите играчи во вашиот тим, а тоа важи и за ПСЖ, -порача јасно и директно еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни