Поврзете се со нас

Свет

Легендарниот Роналдо посочи пет асови кои заслужиле да ја освојат „Златната топка“

Објавено

на

Славниот бразилски ас, Роналдо на „Истаграм“ имаше отворен разговор со италијанската легенда Алесандро Дел Пјеро, разговор при кој се отворија различни теми, а меѓу нив и за најпрестижното индивидуално признание „Златната топка“.

Роналдо двапати во својата кариера ја освојуваше оваа награда (1997 и 2002 година) и добро знае какво е чувството да се биде најдобар на светот. Меѓутоа според него и други луѓе заслужиле да дојдат до „Златната топка“ при што издвои точно пет имиња.

-Би рекол има четворица играчи кои не ја освоија „Златната топка“, ама заслужија: Алесандро Дел Пјеро, Паоло Малдини, Франческо Тоти и Раул. Исто така сакам да го додадам и Роберто Карлос, кој двапати беше втор беше зад мене, -истакна Роналдо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни