Легендарниот Роналдо откри зошто си замина од Интер: Беше мој дом, ама…

ronaldo-inter

Роналдо Луис Назарио Де Лима или попознат само како Роналдо засекогаш ќе остане запеметен меѓу љубителите на фудбалот како еден од најдобрите напаѓачи на сите времиња, играч кој беше страв и трепет за сите одбрани, а да не беа тешките повреди можеби и ќе беше и најдобриот во историјата, нешто што деновиве го потенцираше и Жозе Мурињо.

Бразилецот низ кариерата имаше можност да игра за многу големи клубови меѓу кои и Интер и тоа во периодот од 1997 до 2002 година, период кој го паметат сите навивачи на „нероаѕурите“. Роналдо тогаш беше во полна форма, ама тука и започнаа и проблемите со повредите, меѓутоа и покрај тоа никој не очекуваше дека така лесно ќе си замине од „Џузепе Меаца“.

Сега по толку години самиот Роналдо откри дека тој не сакал да си оди и заврши во Реал Мадрид, меѓутоа клубот едноставно го избрал тогашниот тренер Ектор Купер со кого голгетерот не беше во добро односи.

-Никогаш не сакав да го напуштам Интер, бидејќи сметав дека тоа е мојот дом и ќе биде за доживотно. Никогаш не сум отишол кај претседател да барам да го отпушти тренерот, тоа не е мој стил. Сепак, достигнавме точка со Купер, каде едноставно не можев да сторам ништо друго. Тој воопшто не ме третираше. Не знам дали освојувањето на Скудетото нешто ќе променеше. Бев убеден дека Масимо Морати ќе го отпушти Купер, па затоа беше лошо изненадување за мене кога го поддржа тренерот. Во тој момент, како што бев премногу горд, решив да си заминам. Градот кој ме сакаше сега ме мразеше. Ми требаше полициска заштита. Беше тешко. Го обожавам Морати, тој беше како татко за мене. Дојдовме до заклучок за таа врска, двајцата направивме грешка, -истакна славниот ас.

Facebook Коментари