Легендарниот Роналдо: Кристијано е уникатен играч, но Меси…

ronaldo

Славниот бразилски ас, Луис Назарио Де Лима Роналдо кој остави длабока трага во европскиот и светскиот фудбал го соопшти својот став на вечната дилема за Кристијано Роналдо и Лионел Меси, односно за тоа кој од овие двајца виртуози е подобар.

Роналдо ја почитува и цени ѕвездата на Реал Мадрид, но воедно отворено признава дека Аргентинецот му дава нешто повеќе, дополнителна магија на фудбалот.

-Со неговиот неверојатен став, неверојатен победнички менталитет, Роналдо е уникатен играч. Ама признавам Меси му носи дополнителна магија на фудбалот. Со неговиот дриблинг, неговата целосна форма на играње фудбал и неговата способност да создаде изненадувачки ситуации во нападот, рече Роналдо за „Билд“.

Facebook Коментари