Поврзете се со нас

Англија

Легендарниот Ривалдо со трансфер совет до Герет Бејл: Таму ќе бидеш најголема ѕвезда…

Објавено

на

Поранешниот легендарен бразилски фудбалер, Ривалдо, упати трансфер совет до играчот на Реал Мадрид, Герет Бејл.

Велшанецот и челните лица на клубот се на две различни страни, меѓутоа никако не може да се најде начин како тој да си замине од Реал Мадрид.

За 30 годишниот фудбалер има интерес од неколку екипи во Европа и САД, меѓутоа никоја не е подготвена да му го понуди тоа што тој го заработува во Реал Мадрид.

Ривалдо смета дека времето на Бејл на „Бернабеу“ е завршено и го советуваше играчот да прифати евентуална понуда од Њукасл.

– Се уште мислам дека Герет Бејл има што да покаже во европскиот фудбал на 30 години пред да оди во МЛС.

– Верувам дека неговата кариера во Реал Мадрид се ближи кон крајот. Клубот веќе не му верува и не го смета за одлучувачки играч после некои проблеми кои се случија во минатото.

– Во Њукасл тој ќе биде најголема ѕвезда на тимот и може да го води клубот до успех во Премиер лигата. Тој може да го продолжи својот статус на супер ѕвезда во клубот и може да продолжи да заработува многу пари, -изјави Ривалдо во интервју за „Бетфер“.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни