Легендарниот Рене Игита покажа бокс вештини и нокаутираше фан со еден потег (Видео)

Russia Soccer WCup Poland Colombia

Легендарниот Рене Игита во друштво на Валдерама оставија навистина феноменален впечаток со начинот на кој ја бодреа колумбиската репрезентација од трибините, но сега незаборавниот чувар на мрежата на еден пријателски меч во Америка ни докажа дека и тој не знае да остане имун на провокации.

Игита веќе извесно време работи како тренер на голманите во Атлетико Насионал од Меделин, а на последниот натпревар кој го одигра овој тим против Америка де Кали во Хјустон, во центарот на вниманието се најде еден негов инцидент со противнички фан.

Еден од фановите на Кали го следеше Игита и успеа да го испровоцира, а Игита без размислување му возврати со бокс и покажа дека може да биде доста вешт и во рингот…

Facebook Коментари