Легендарниот Рајт го обвини Солскјер за повредата на Рашфорд: Знаеше за тоа, а мислеше само на себе…

rajt

Поранешниот прославен напаѓач, сега стручен аналитичар, Јан Рајт го нападна Оле Гунар Солскјер поради повредата на Маркус Рашфорд.

Според Рајт, норвешкиот стратег е виновен за повредата на најдобриот играч на Манчестер Јунајтед затоа што се ставил себе си пред здравјето на фудбалерот.

– Оле Гунар Солскјер кажа дека знаел дека Маркус Рашфорд се мачел со повреда и го играше на натпреварот против Вулверхемпто. Сега тој ќе отсуствува најмалку три месеци. Зборуваме за експлозивен фудбалер кој мора да биде 100% подготвен за да игра. Солскјер е под огромен притисок да го врати Јунајтед на старите патеки и сметам дека тој мислеше само на себе пред да мисли на фудбалерот. Солскјер се стави себе си пред здравјето на Маркус Рашфрд, -изјави Јан Рајт за „БиБиСи“.

Facebook Коментари