Легендарниот Пирс му даде нов прекар на Дончиќ

luka

Словенечниот репрезентативец, Лука Дончиќ игра страшно во втората негова сезона во НБА лигата и е најзаслужен што Далас Маверикс е при самиот врв во западната конференција.

Со овие негови партии тој изнуди многу комплименти од голем број на стручњи аналитичари, легенди, сегашни играчи затоа што со само 20 години прави неверојатни работи во најсилната лига на светот.

За Лука свој коментар имаше и некогашниот ас на Бостон Селтикс, Пол Пирс кој одлучи да му даде и прекар на ѕвездата на Далас.

-Неговиот прекар мора да биде „Тoo Easy“ (прелесно). Со должна почит кон Берон Дејвис кого така го викавме, тоа што Лука го прави на паркетот делува прелесно. Неговите движења ме потсетуваат на моите. Не изгледа како да се движи брзо, но сепак…. -истакна Пирс.

Facebook Коментари