Поврзете се со нас

Англија

Легендарниот Окоча има совет за Салах за изборот на нов клуб

Објавено

на

blank

Легендата на африканскиот фудбал, Џеј-Џеј Окоча има совет за Мохамед Салах околу изборот на новиот клуб, поточно ако напаѓачот се одлучи да си замине од Ливерпул.

Брзоногиот Салах од 2017 година е дел од „црвените“ со кои во изминативе сезони освои доста титули од кои најзначајни се оние во Лигата на шампионите и секако Премиер лигата. Тој и денеска е еден од клучните играчи на Ливерпул, меѓутоа во исто време неговото име се поврзува со трансфер во други средини.

Според Окоча кој остави трага во Европа играјќи во Германија, Англија, Турција и Франција, најдобро за Мо ако си замине од „Енфилд Роуд“ е да се пресели во Барселона.

-Ако постои било каква шанса да замине во Барселона јас би го советувал тоа да го направи. Исчезна неговата енергија во Ливерпул, -вели Нигериецот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни