Билијард и Снукер
Легендарниот Најџел Бонд прави снукер камп за македонските репрезентативци

Легендарниот британски снукер играч, Најџел Бонд, кој минатата година се збогуваше со активното играње за да се посвети на новите предизвици како тренер, оваа седмица престојува во Скопје каде што ги води подготовките на македонските играчи кои ќе играат на Европското првенство во Малта од 11 до 18 март.
Најџел Бонд е освојувач на повеќе титули во својата кариера, како и финалист на едно светско првенство во снукер. Како промотор на овој спорт повеќе пати беше во Македонија, а овој пат доаѓа токму во време кога се појавува нова генерација на играчи кои го преземаат приматот во националното првенство.
Подготовките се одвиваат во новата Снукер Арена на Гран Клуб во Скопје, а на поединечните тренинзи учествуваат Берат Јашари, Петар Панов, Владо Матоски, Петар Колоски и Влатко Јанев.
Предвидено е во недела (5 март) да се одигра и егзибиционен турнир во дисциплината „6 црвени“, за кој ќе има лимитирана можност за набљудување поради ограничениот број седишта.
На крајот од турнирот кој ќе започне околу 18 часот, предвидена е и прес конференција по повод заминувањето на репрезентативците за Малта, со почеток во 21 часот.
-
Балканпред 13 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 10 часа
Реал Мадрид планира да ги доведе Мбапе и Халанд во ист преоден рок
-
Францијапред 12 часа
Жиру го искоментирал повлекувањето на Бензема од националниот тим
-
Балканпред 21 час
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Англијапред 12 часа
Главните кандидати за купување на Манчестер Јунајтед не испратиле втори понуди
-
Светпред 13 часа
Кристијано: Лигата во Саудиска Арабија не е како Премиер лигата, но за пет години ќе стане……
-
Светпред 24 часа
Од гол на гол за нов рекорд: Аргентински голман постигна неверојатен погодок (ВИДЕО)
-
НБАпред 11 часа
Невидена сцена во Далас: Домаќините најавија жалба, Дончиќ ризикува казна (Видео)