Легендарниот Мингуелја си го одржа ветувањето: За првпат не сум на „Камп Ноу“ по 1947. година!

betis-barsa

Хосеп Марија Мингуелја се закани дека нема да стапне на „Камп Ноу“ и дека ќе го отстапи своето почесно место во вип ложата ако Барселона го купи Антоан Гризман, а сега легендарниот работник на каталонскиот гигант го одржа ветувањето на првиот домашен меч на шампионот во новата сезона.

Барса игра против Бетис во ситуација кога трите големи ѕвезди Меси, Суарез и Дембеле не му стојат на располагање на Валверде, но сепак тоа остана во втор план бидејќи присуството на Гризман во стартната постава значеше дека Мингуелја го нема на трибините.

– Барселона е мојот живот, ова е првпат како не одам на „Камп Ноу“ по 1947 година. Ова го правам бидејќи веќе не се почитуваат клубовите. Многу тешко ми падна трансферот на Гризман, веќе го најавив ова, – изјави Мингуелја, човекот кој го доведе Меси во Барселона.

Facebook Коментари