Поврзете се со нас

Балкан

Легендарниот Мијатовиќ на промоцијата во Партизан: Мака ми е од титулите на Звезда

Објавено

на

Foto: Tv Arena sport/YouTube

По турбулентниот период и дебаклот од Црвена Звезда во вечното дерби, Партизан го назначи Саво Милошевиќ за нов тренер на првиот тим, но ова беше најава за големата реконструкција која денеска и официјално се случи кај клубот од Хумска.

Српскиот великан денеска означи старт на една нова епизода која треба да биде многу посветла за сите кои го имаат Партизан при срце, бидејќи во клубот се вратија вистински легенди како Предраг Мијатовиќ и Данко Лазовиќ.

Расим Љајиќ е новиот претседател на Партизан кој реши да ги повика поранешните фудбалски ѕвезди на „црно-белите“, а дефинитивно најголемо внимание предизвика пристигнувањето на Пеџа кој со години живее во Шпанија.

Мијатовиќ ќе биде важен дел од управниот одбор, но во прв момент, функцијата ќе ја извршува од Шпанија и оттаму ќе се обиде да ги искористи сите свои конекции за да му помогне на клубот да се врати на старите патеки.

– Вистина е дека долго живеам во Шпанија и тоа нема да се промени. Современата технологија ни дозволува да комуницираме многу лесно секој ден и нема да ни биде тешко. Нема да се преселам во Белград, но ќе гледам што почесто да бидам тука, а кога нема да бидам, ќе се слушаме преку апликации.

– Најважно е да си го гледаме својот двор, да гледаме да си ја средиме фасадата. Седумте титули во низа на Црвена Звезда и играњето во Лига на шампиони носи мака за сите во Партизан. Но, не треба да ги гледаме нив, треба да ја гледаме нашата куќа, не треба да гледаме каква е фасадата на соседот. Не знам дали ќе ја исчистиме нашата куќа од цело зло, но ќе ги купиме сите препарати за да го направиме тоа, – сликовито објаснил Пеџа на денешниот прес во Белград.

– Не можеме куќата да ја исчистиме сами, потребни ни се вистински луѓе. Кога е тимскиот спорт во прашање, потребно е заедништво, мора да весламе заедно. Нашиот брод мора да плови, а тој во моментов нема ништо, па затоа мора да весламе. Тоа е идејата со која доаѓаме, – нагласил Пеџа.

 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни