Поврзете се со нас

Шпанија

Легендарниот Меноти за тоа колку е тешко да се биде Меси: Тој е играч кој…

Објавено

на

Сезар Луис Меноти е една од иконите на аргентинскиот фудбал, човек чие име засекогаш со големи букви ќе биде запишано во историјата затоа што тој е креатор на првата титула на „гаучосите“ на Светските првенства освоена во 1978 година година.

Славиот Аргентинец и денеска е активен иако има преку 80 години, сака да зборува за фудбалот, за актуелностите, па така тој имаше што да каже за Лионел Меси. Меси во моментов е слободен фудбалер откако му заврши договорот со Барселона, додека пак неодамна дојде до пехар со Аргентина со што стави крај на лошата низа со националниот тим.

-Меси е најдобар во секој поглед, физички е момче кој постојано е подготвен, немаше посериозни повреди. Емотивно, денеска е во најдобриот момент, бидејќи тој изгледа среќно. Тој е фудбалер кој за разлика од останатите е подготвен да победи на било кој начин, да ги натера своите соиграчи да играат добро и да го натера неговиот тим да игра добро. И погледнете колку е тешко да се биде Меси, -вели Меноти.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни