Поврзете се со нас

Италија

Легендарниот Мацола за сензационалниот трансфер на Интер: Ова не се случило во фудбалот

Објавено

на

Сандро Мацола му ја посвети цела своја играчка кариера на Интер од почеток до крај и поради тоа има посебен статус на легенда во клубот, а воедно важи и за еден од најдобрите италијански играчи во историјата на италијанскиот фудбал.

Таквите епитети прават да биде интересен за медиумите од Апенините и во осмата деценија од животот, особено во ситуација кога Интер прави операции како што онаа последната, а која беше необична и незамислива во негово време.

Ромелу Лукаку се враќа во Интер на позајмица само една година по стратосферскиот трансфер во Челси, операција која Мацола не памети да се случила било кога во фудбалската историја.

– Навистина го сакам Лукаку и убаво е да се види што покажа толку голема желба за враќање неполна година по трансферот. Сфаќам што одредени тифози ќе бидат лути и ќе им биде проблем да го прифатат со добредојде и ентузијазам.

– Ова никогаш не се случило во фудбалот и сега ќе мора да се избори за љубовта од навивачите, да работи напорно како што работеше претходно и редно е да му дадеме шанса, – вели човекот кој освои четири титули во Серија А со Интер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни