Поврзете се со нас

Македонија

Легендарниот Лосерт ќе работи со голманите на Вардар

Објавено

на

Македонскиот шампион Вардар ќе има уште еден нов член на клупата, односно новиот тренер Давид Дејвис Камара добива помош и тоа во легендарниот Венио Лосерт.

Лосерт имаше извонредна играчка кариера во која освои многу трофеи на клупски план, но и со Хрватска каде беше дел од златната генерација со која „собираше“ трофеи на Европските, Светските првенства како и на ОИ во Атланта, Атина и Лондон.

-Доаѓам во Вардар и секако дека тоа е еден нов предизвик за мене. Кога работиш со клуб треба да се грижиш голманите да бидат постојано во форма и да нема осцилации. Со репрезентација се работи за одржување и подобрување на формата за пократок период. Кога Дејвис се договори со Вардар ме праша дали сум заинтересиран да му помогнам.

-Од Египет дозволија, и ете сум во Вардар. Го следев Вардар во ЛШ, и можам да кажам дека има добри и квалитетни голмани. Ќе се обидам да помогнам, да бидат уште подобри и поконстантни. Верувам ќе имаме добри резултати, -порача Лосерт за сајтот на „црвено-црните“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни