Поврзете се со нас

АТП

Легендарниот Лејвер: Ѓоковиќ ќе научи нешто од овој пораз, ќе се врати…

Објавено

на

Фото: twitter.com/AustralianOpen

Новак Ѓоковиќ не ја продолжи доминацијата на Аустралијан Опен или поточно неговата извонредна серија на резултати ја прекина Јаник Синер кој го совлада со 3-1 на грен слемот во Мелбурн.

Србинот сега ќе се фокусира на други цели, предизвици во оваа 2024 година, односно според легендарниот Род Лејвер поразот во полуфиналето ќе му послужи како лекција и ќе се врати уште посилен, помотивиран.

-Новак е неверојатен шампион. Постојано ја храни својата ментална сила и мотивација. Токму поради оваа причина и успехот што го постигна во кариерата се очекува да победи на секој натпревар. Според мене Новак ќе научи нешто од овој пораз. Ќе се опорави и ќе се врати посилен и помотивиран,-истакна Лејвер кој во кариерата освои 11 грен слем трофеи, а двапати дојде и до календарски грен слем.

-Тенисот секогаш може да биде непредвидлив. Нема сигурни работи. Да се ​​освојат сите четири грен слем турнири во една година е една од најретките почести. Тоа значи дека треба да победите 28 натпревари на најтешкото ниво, кога сите сакаат да победат. Мора да се надевате дека ќе играте добро, ќе останете фит и ќе можете да ги победите сите врвни играчи повеќе од еднаш, -рече Род кој во однос на „ГОАТ“ дебатата кратко порача:

-Отсекогаш сум го кажувал тоа и ќе го повторам сега, тешко е да се споредуваат различни епохи во тенисот. Со текот на времето, многу фактори се променија, од материјали до физичка подготовка. Сега има цели тимови кои работат за играчите. Најдоброто нешто е да се слават достигнувањата без никакви споредби,- заклучи славниот ас од Австралија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни