Поврзете се со нас

Балкан

Легендарниот Ќиро Блажевиќ се прости од Крањчар: Не можам да станам од кревет, сите чекаат јас да одам…

Објавено

на

blank

По кратко и тешко боледување денеска почина легендарниот хрватски стратег, Златко Крањчар.

Смртта на легендата на хрватскиот фудбал потресе многумина,а  еден од првите кои се јавија со коментар беше и големиот Мирослав Ќиро Блажевиќ.

Блажевиќ во изјава за хрватските медиуми истакна дека е тешко погоден од веста за смртта на неговиот пријател Златко кој играше под негово водство во редовите на Динамо Загреб.

– Не можам да станам од кревет од шок. Не знам што би кажал. Се слушнав со неговиот доктор пред неколку денови. Знам дека беше слаб, но не знаев дека е толку лошо. Сите чекаат јас да умрам, а замина Цицо. Мене ми е времето за заминување, а не него. Страшно, многу сум тажен, што да кажам друго.., -изјави Ќиро Блажевиќ кој очигледно беше погоден од трагичната вест.

Блажевиќ беше на чело на Динамо Загреб од 1980 до 1983 година, а во тој тим еден од главните играчи беше токму Златко Крањчар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни