Поврзете се со нас

Шпанија

Легендарниот Карлос со искрен коменар: Некогаш јас поставував стандарди, денес тоа го прави…

Објавено

на

Поранешниот легендарен фудбалер на Реал Мадрид и препознатлив лик од репрезентацијата на Бразил, Роберто Карлос даде коментар за тоа кој играч кој игра на неговата позиција поставува нови стандарди во фудбалот.

Станува збор за неговиот сонародник и исто така фудбалер на Реал Мадрид, Марсело, кој подолг период е еден од најдобрите леви бекови во светот.

Карлос направи паралела меѓу него и Марсело и посочи дека луѓето порано земале пример од него, а дека сега тоа го прават од искусниот играч на „кралевите“.

– Луѓето порано посочуваа на мене кога зборуваа за леви бекови, а сега Марсело постави нов стандард и е прв играч кој доаѓа на памет кога ќе се спомне левата бековска позиција, -искрен беше Карлос.

32 годишниот Марсело нанижа бројни трофеи со Реал Мадрид, меѓу кои и четири во Лигата на шампионите.

Бразилскиот репрезентативец е член на Реал Мадрид уште од 2007 година, а последниве години се најавува негово заминување во Јувентус, но засега нема ништо од ваквите пишувања на шпанските и италијанските медиуми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни