Поврзете се со нас

Светски првенства

Легендарниот Карембу: Очекувам Македонија да биде изненадување во баражот

Објавено

на

Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид и неогаш редовен репрезентативец на Франција, Кристијан Карембу го даде своето мислење за бараж средбите за пласман на Светското првенство.

Карембу смета дека Македонија е вистинско изненадување што е меѓу репрезентациите кои обезбедија бараж, притоа потенцирајќи дека очекува ново изненадување од нашата селекција.

Освен од Македонија, Карембу очекува изненадување и од Велс и Шкотска кои за разлика од Макеоднија се наоѓаат во групата на носители на ждрепката.

– Ќе изберам три репрезентации кои ме изненадија. Велс, Македонија и Шкотска и мислам дека и трите репрезентации би можеле да не изненадат, -изјави Карембу.

Карембу ова видување го даде пред ждрепакта за плеј-офот на која и самиот беше присутен. По завршувањето на ждребувањето, Македонија за противник ја доби селекцијата на Италија, а при евентуално минување на таа огромна пречка ќе се соочи со подобриот од пресметката меѓу Португалија и Турција.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни