Поврзете се со нас

Италија

Легендарниот капитен на Рома дал зелено светло, Мурињо експресно добива наследник на „Олимпико“

Објавено

на

Foto:twitter.com/spalferrara

Амерканските бизнисмени Дан и Рајан Фридкин ова утро му врачија отказ на Жозе Мурињо и долетале од САД за лично да му ја соопштат оваа одлука, а како што јавуваат најугледните италијански медиуми, веќе е договорено и кој ќе биде негов наследник.

Дел од познатите италијански новинари уште вчера го споменаа името на Даниеле Де Роси како идеално за наследник на „специјалниот“, но еден час по отказот на Португалецот, оваа информација доби сериозни надополнувања.

Легендарниот капитен на Рома дал зелено светло за враќање во својот фудбалски дом и се работи на завршните детали за комплетирање на зделката, според која тој ќе го води тимот најмалку до крајот на сезоната.

Поранешниот играч за врска е омилен меѓу навивачите на Рома и сите во клубот го чекаат со раширени раце, па најавите се дека може да биде претставен во наредните неколку часа и да го води попладневниот тренинг на првиот тим.

Де Роси ја заврши својата фудбалска кариера во 2020-та година, а ова треба да биде второ тренерско искуство за него по она во СПАЛ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни