Поврзете се со нас

Германија

Легендарниот Кан има свој став за голманската дебата во германската репрезентација

Објавено

на

Фото: https://x.com/oliverkahn

Повлекувањето на Мануел Нојер од германскиот национален тим донесе отворен простор за неговиот наследник Марк Андре тер Штеген, но голманот на Барселона заработи посериозна повреда и отвори нова голманска дебата во германската јавност.

Нибел, Бауман и Лено се тројцата голмани кои очекувано се најдоа во фокусот на селекторот Јулијан Нагелсман, а тој реши да им овозможи по еден настап на првите двајца во овој октомвриски циклус, додека Лено одби да го прифати повикот како трета опција.

Откако Јенс Леман застана во одбрана на Лено, потенцирајќи дека тој требало да добие предност како голман од Премиер лигата, во дебатата се вклучи и легендарниот Оливер Кан.

Поранешниот член и директор на Баерн Минхен смета дека предност да добие Алекс Нибел, кој го чува голот на Штутгарт.

– За разлика од Бауман, Нибел игра тешки меѓународни натпревари во Лигата на шампионите и тоа е негова предност – рекол Кан, алудирајќи кој од актуелните голмани треба да биде привремен прв голман на Германија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни