Поврзете се со нас

Свет

Легендарниот Јеро доби син со атрактивна хрватска новинарка (Фото)

Објавено

на

Фото: https://www.instagram.com/fernandohierro

Фернандо Јеро ги информираше фановите и целокупната јавност дека тој и сопругата Фани Стипковиќ добиле син, кој доби и специфично име.

Легендата на Реал Мадрид и шпанскиот фудбал доби уште еден наследник на 55-годишна возраст, а истиот доаѓа од бракот со атрактивната хрватска новинарка, која е 15 години помлада од Јеро.

Стипковиќ се породила во болница во Гвадалахара, Мексико, каде во моментов живее двојката, поради актуелните обврски на Јеро во мексиканскиот клуб Чивас.

Синот го добил името Николас Валентино, а Јеро има две деца и од претходниот брак.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни