Легендарниот Игита загуби облог, ќе остане без својот препознатлив знак

rene

Легендарниот јужноамерикански голман, Рене Игита познат по својот необичен стил на игра и чудесни интервенции ќе остане без едеб препознатлив „елемент“ на своето тело и тоа откако загуби облог.

Игута кој долги години носи долга коса ќе мора истата да ја потстрижи, а причината за тоа е неговата Колумбија. Тој се обложил дека ќе се ишиша кратко ако популарните „кафетероси“ не ја освојат титулата на Копа Америка.

Колумбија беше запрена во четвртфиналето од Чиле што значи Рене ќе мора да го промени својот изглед.

-Облог е облог, веднаш се шишам, -напиша Игита на „Твитер“.

Facebook Коментари