Поврзете се со нас

НБА

Легендарниот Грег Попович во свој стил и без влакна на јазикот: Имаме будала за претседател…

Објавено

на

Славниот Грег Попович не остана нем на целиот хаос кој се случува ширум САД и остро го нападна претседателот на државата, Доналд Трамп.

Цела Америка е на нозе по смртта на афроамериканцот Џорџ Флојд кој брутално беше убиен од полицијата во Минеаполис.

Низ цел САД има протести, а полицијата употребува груба сила врз протестантите кои го кренаа гласот против полициската бруталност.

Со свој коментар сега се јави и тренерот на Сан Антонио, Грег Попович кој не штедеше навредливи зборови кон Доналд Трамп.

– Расизам и полициско насилство гледавме и претходно, но ништо не се менува. Затоа овие протести се толку експлозивни, меѓутоа без вистинско водство и разбирање на проблемите, никогаш нема да се дојдедо вистинските промени.

-Белите Американци избегнуваа да се соочат со тој проблем затоа што имавме привилегија да го избегнеме тоа. И сето тоа мора да се промени.

– Доналд Трамп да има барем малку мозок, би излегол и би кажал нешто што ќе ги обедини луѓето. Но него баш му е гајле за зближувањето на луѓето, дури и во оваа ситуација. Толку е пореметен. Само тој е важен и важно е само она што него му одговара.

– Имаме будала за претседател. Тој е оној кој ги прави поделбите. Неговата присутност убива, ќе ве изеде живи за своите интереси. Згрозен сум што имаме таков претседател, -изјави огорчениот Попович.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни