Поврзете се со нас

Англија

Легендарниот германски голман на Арсенал: Се прашувам дали Артета е победник, или само добар човек!

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Микел Артета значително го подигна нивото во Арсенал и од тимот направи претендент за титулата, но големо разочарување за „топчиите“ беше втора што излегоа како поразени на крајот во две драматични завршници со Манчестер Сити.

Арсенал не успеа да ја доби и најновата битка со Сити во Премиер лигата и тоа донесе огромна болка кај фановите од Северен Лондон, а иако најголем дел од легендите стојат зад работата на Артета, има и такви кои го доведуваат во прашање неговиот победнички менталитет.

Јенс Леман како легендарен германски голман го чуваше голот на Арсенал цели пет години и беше дел од златната генерација која остана непоразена цела сезона, па затоа смета дека треба да се гледа целосната слика, а не само добрите претстави на теренот.

– Микел Артета донесе многу добри работи за Арсенал, но не знам дали сега е вистинскиот човек за клубот. Да бидам искрен, јас не сум сигурен….., – вели Леман во интервју за „Телеграф“.

– Треба да се докаже дека сте оној вистинскиот. Можевме два пати да ја освоиме лигата, но не успеавме. Минатата година водевме до април, а потоа сами ја изгубивме титулата. Карактерот на еден тренер е супер важен елемент во победничкиот менталитет на еден тим.

– Треба да се прашаме дали тој е победник, или само добар човек кој го носи тимот до одредено ниво и тука завршува се……, – прашува Леман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни