Поврзете се со нас

Свет

Легендарниот физиотерапевт на Аргентина без влакна на јазикот: Марадона умре сам, за некого ќе нема прошка од Бог!

Објавено

на

Смртта на Диего Армандо Марадона предизвика огромна болка и тага и остави голема празнина во фудбалска Аргентина, но истовремено донесе и многу различни реакции во јавноста за последните неколку дена од животот на легендарниот „Ел Пибе“.

Неговиот адвокат обвини дека имало медицинска небрежност и дека Диего цели 12 часа останал без надзор пред да биде утврдено дека е починат, нешто што отвори голема дебата во јавноста, особено ако се знае дека Марадона на почетокот на месец ноември правеше тешка операција на главата.

Одговорите за тоа зошто немало никој во неговата соба цели 12 часа во ситуација кога бил потребен надзор од 24 часа допрва треба да ги добиеме, но во меѓувреме, сериозни критики добиваат луѓето кои во последните неколку години важеа за најтесно опкружување на Дон Диего.

Последен се јави легендарниот масер и физиотерапевт на аргентинската фудбалска репрезентација од незаборавната 1986-та година, кога „гаучосите“ предводени од Марадона ја освоија Светската титула.

– Оние луѓе кои беа блиски до Диего во последните години нема да имаат прошка од Бог, – сериозно обвинува легендарниот Мигуел Ди Лоренцо Галиндез во обраќањето за „Супер Депортиво Радио“ и додава.

– Луѓето кои важеа за негово опкружување сега можат да бидат среќни. Сега ќе се потепаат сите тие деликвенти, предводени од адвокатот и цело срање кое го опкружуваше. Верувајте, никогаш не можевме да му се доближиме од нив, не можевме да зборуваме со него. Му испраќав порака на Диего и никогаш не добив одговор. Бевме комплетно отсечени од Диего, а тоа го правеше неговото опкружување.

– Диего умре сам. На јавното бдеење во претседателската палата, прво што направив го допрев неговиот зглоб, коленото и листот. Го погалив, со моите раце често го правев тоа. За последен пат му порачав дека секогаш ќе бидам со него. Диего веруваше до толку во мене, што во Италија и во Барселона ми велеше да му ги чувам парите. Никогаш не допрев ниту еден пезос од Диего. За разлика од мене, цело негово опкружување беше исполнето од вистински предавници и вистински ку.ви, – завршува Галиндез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни