Поврзете се со нас

Шпанија

Легендарниот Фиго упати сочни критики до шпанските власти: Ова е еб**а урнатина

Објавено

на

Легендарниот поранешен фудбалер на Реал Мадрид и Барселона, Луис Фиго преку социјалните мрежи упати жестоки критики до шпанските власти.

Пандемијата од коронавирусот според шпанските власти се уште не стивнува, па токму затоа засега нема ублажување на мерките во оваа земја.

На Фиго воопшто не му е јасно што прави владата, па се реши преку социјалните мрежи да упати големи критики.

– Денес е денот кога излегуваме од фазата 0 и преоѓаме во фазата 0.5, а немаме поим што значи тоа и по кои критериуми се носи истото, -напиша Фиго па продолжи.

– Кој ги носи одлуките? Што беше пред фазата 0.5? Ова е еб**а урнатина, -не штедеше сочни коментари легендарниот фудбалер кој веќе 20 години живее во Мадрид.

Како што стојат работите мерките во Мадрид нема да попуштат најмалку до 25 мај, а многумина предвидуваат дека истите ќе траат уште подолго.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни